Британската кралица Елизабета Втора ги повика Британците да мислат и на другите луѓе и да ја прифатат имунизацијата против Ковид-19 кога ќе им биде понудена, пренесува „Гардијан“.
Весникот наведува дека во видео повик, со здравствени службеници кои ја доставувале вакцината низ Велика Британија, кралицата порачала дека сите кои го одбиваат вакцинирањето во тој момент треба да помислат и на другите, не само на себе, како и дека нејзиното искуство со вакцинацијата е позитивно и без никакви несакани ефекти.
Кралицата Елизабета (94) и нејзиниот сопруг Филип (99) ги добија своите први дози на вакцина во јануари, а пораката на кралицата дојде откако британскиот министер задолжен за вакцинацијата Надим Захави рече дека бројките покажуваат дека 11 до 15 проценти од луѓето се двоумат околу вакцините и дека тој број е уште повисок кај припадниците на некои малцинства, пренесува британскиот весник.