Арсенал треба да му плати на Манчестер Сити обештетување од два милиони фунти за Микел Артета.
Шпанецот во моментов е асистент на Пеп Гвардиола на „Етихад“, но „топџиите“ се надеваат дека ќе го објават утре за постојан менаџер на Арсенал.
Назначувањето на Артета е очигледно прашање на часови, бидејќи Арсенал ја одложи денешната закажана прес-конференција на привремениот менаџер Фреди Љунгберг за утре. Англиските медиуми пишуваат дека Швеѓанецот може да остане во штабот на Артета и двајцата да го водат тимот во саботниот натпревар против Евертон.
Самиот Артета веќе рече „да“ на Арсенал. Неговиот договор ќе биде за 3,5 години.