Воени офицери извршиле најверојатно воен удар денеска во Габон со заземање на државното радио. Тие објавиле незадоволство со претседтаелот Али Бонгo (59) кој во моментот се опоравува од мозочен удар во Mароко.
Обраќањето на Бонго за Нова година „засили сомневања во способностите на претседателот да продложи да ја извршува функцијата, објави полковник Обиан Ондо Кели, лидер на самопрогласеното Патриотско движење на обранбените и безбедносни сили на Габон.
Обраќањето беше во 4:30 по локално време и биле регистрирани и истрели во близина на државната телевизија.
Војници на габонската Републиканска гарда потоа се појавија на државната телевизија и рекоа дека покренале „пуч“ за да ја „вратат демократијата“ во таа африканска држава.
Истиот офицер, Кели кој е командант на Гардата, прочита соопштение во кое се нагласува дека војската ја презема контролата врз Владата. До него беа двајца вооружени војници во маскирни униформи и зелени беретки. Во главниот град Либревил е воведен полициски час и прекинат е интернетот. Низ градот патроллират тенкови и оклопни возила.