Обилните врнежи во југоисточна Турција им предизвикуваат проблеми на бездомниците во регионот погоден од земјотресот.

Во Искендерун, во провинцијата Хатај, дождот ги поплави шаторите. Опозицискиот политичар Канан Кафтанчиоглу ги обвини властите дека луѓето сè уште не биле сместени во бродските контејнери, како што било ветено, повеќе од еден месец по земјотресот.

Во земјотресот на турско-сириската граница пред пет недели, само во турција загинаа повеќе од 48.000 луѓе. Стотици илјади луѓе останаа без покрив над главата и живеат во шатори.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе ги обнови куќите во регионот во рок од една година. Во Турција во моментов има изборна кампања, граѓаните на 14 мај ќе избираат нов парламент и претседател.