Вработените од Kомунална хигиена кои протестираат и го блокираат претпријатието на социјалните мрежи објавија снимка од телефонски разговор со директорката Косана Мазнева во кој тврдат дека таа им се заканува со откази.

Објавен е целиот разговор.

„Нека си мислат на семејството и на лебот, нека не ги штитат. Ако сум ги огласила тие десетмина и се поднесени кривични пријави, ништо не ме спречува да огласам уште 200. Треба да се качат во камионите и да бидат сервис на граѓаните. Ова не е штрајк, затоа што за штрајк има процедура. Ова е бунт. И не се оди против мене туку против граѓаните. Ќе ги објавам сите на огласна табла и ќе има кривични пријави со дебели аргументи. Не се граѓаните виновни, лето е, 40 степени, стаорци ќе почнат да излегуваат. Тие што нема да се качат во камионите добро нека размислат, нека не се појавуваат в понеделник“, вели Мазнева во разговорот.

Јас направив се што е во моите ингеренции како директорка на Комунална хигиена, ситуацијата е непроменета, насилието продолжува, треба да постапуваат други инстиции, вака сите сме заложници и ова станува државен проблем. Ова е реакцијата на Косана Мазнева по синоќешните случувања во кругот на јавното претпријатие каде беше повикана и полиција.

– Група вработени, но голем дел и невработени во претпријатието ја држат во заложништо Комунална хигиена. Tие во кругот на прeтпријатието и прават блокада, да не се работи и да не се собира сметот. Дел од овие луѓе што се собрани воопшто не сe вработиени во Комунална. Има дел кои претходно биле ангажирани, но голем дел се луѓе кои никогаш не работеле вo Комунална хиегена, вели Мазнева.