На јавната администрација, чиј број според последните податоци е 130.000 буџетари, наскоро ќе и се приклучат нови сили, за што се објавени и огласи.
Центарот за управување со кризи има потреба од седум нови државни службеници, а се бараат раководители, референти, соработници и други профили. Оглас за нови 13 бработувања објави и Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните. Се бараат преведувачи, државни советници и лектори.
Дирекцијата за заштита и спасување ќе прими осум нови службеници, а огласи за вработување објавија и Агенцијата за цивилно воздухопловство, како и агенциите за вработување и за енергетика.
Истовремено додека во државните институции се бараат нови луѓе за работа, владата преговара со бизнис секторот и синдикатите за префрлање на вишокот вработени од јавниот сектор во приватни фирми.
Недостиг на кадар во приватниот бизнис има, но платите во јавната администрација се повисоки, па логично е вработените да избираат државно наместо приватно.
Во зависност од работно место во јавната администрација, како што објави ТВ Сител, платата се движи до 37.000 денари.