Престолнината со супер високи облакодери, Дубаи, наскоро ќе добие уште еден таков грандиозен објект.
Државната инвестициска компанија „Дубаи холдинг” објави детали за градежниот мега-проект, кој ќе вклучува кула од 550 метри.
Кулата, наречена Бурџ Џумеира, ќе биде сместена во областа Ал Суфоух во Дубаи во близина на Бурџ Ал Араб.
Плановите покажуваат дека кулата ќе биде опколена со мешовита, станбена и комерцијална зона наречена Даунтаун Џумеира.
Изградбата ќе почне веднаш, се наведува во соопштението на компанијата, а првата фаза ќе биде завршена во 2023 година.
Дизајнот на Бурџ Џумеира е инспириран од песочните дини и оази. Всушност, облакодерот ќе биде голем видиковец од кој ќе се гледа целиот град, а на самиот врв, во т.н. Круна, ќе има ресторан и лаунџ бар.
Можеби најважната карактеристика на кулата е нејзината база, дизајнирана во облик на отпечаток од прст на шеикот Мохамед бин Рашид. Постојат планови за амфитеатар, кој ќе се наоѓа во рамки на отпечатокот на прстот за културни настани, како и за фонтана.