Во најновата објава на бистрото Здраво Живо, бистро кое промовира внес на термички необработена храна која помага и кај тешки здравствени проблеми, се промовира новитет чија примена започнува од 3 мај. Еве што се вели: ,
„Почитувани
Од 3 мај ја започнуваме долгочеканата програма ОБНОВИ ГО ТЕЛОТО
21 ден, секој ден 3 литра смуди, крекери и ручек на денот
Што добивате
– поголем внес на овошје и зеленчук
– внес на ензими
– поголем внес на влакна
– балансиран внес на маснотии, јаглехидрати, протеини и витамини
– загарантирано намалени тежина и обем
– зголемена енергија
– ПРЕВКУСНИ оброци
За сите кои ќе се пријават во следните 2 дена 20% попуст и бесплатна достава
*редовната цена е 25200
Еве како би изгледал еден ден
С1= спанаќ, јаболко, краставица, ананас, лимон, млеко од бадеми, ленено и конопово семе (детокс смуди, за будење, за чист ден)
С2= спанаќ, грашак, авокадо, манго, ленено семе (за енергија, за активност, за мускули)
Р=ајбсберг, манго, ананас, авокадо, краставица, бадеми, сите семиња, мајонез од индиски
Крекери за ужинка
С3= банана, слатко јаболко, киви, чај од лаванда (за мирен и длабок сон)“.