Мадона и на 65-годишна возраст продолжува да шокира, а сега ја чека тужба поради нејзиниот контроверзен настап.
Имено, како што пишува Page Six, еден од обожавателите на Мадона наводно ја тужел пејачката затоа што таа „ги изложила посетителите на нејзината последна турнеја Celebration на порнографија и тоа без предупредување“. Според правните документи, Мадона е тужена и за „лажно рекламирање и несакано изложување на сексуална содржина“.
Тужителот Џастен Липелес поднел колективна тужба во негово име и во име на сите поединци во Калифорнија кои купиле билети за концертот на Мадона, тврдејќи дека публиката наводно била „присилена да гледа топлес жени кои симулираат сексуални дејствија“.
Тој ја обвини легендарната пејачка, промотерот Live Nation и другите организации вклучени во турнејата за шест кривични дела, вклучително и прекршување на договорот, небрежно погрешно претставување, намерно предизвикување емоционална вознемиреност и лажно рекламирање.
Липелес тврди дека Мадона и Live Nation „намерно го задржале известувањето до купувачите на билети“ за клучните прашања додека ја промовирале нејзината турнеја Celebration. Имено, поради неинформираност, тој пристигнал на Киа Форумот каде што се одржал концертот на 07.03.2024 година, очекувајќи концертот да започне во 20:30 часот, како што стои на билетите.
Наместо тоа, шоуто започнало по 22 часот, а работите се влошиле откако Мадона, наводно, побарала да се исклучи клима уредот. Липелес истакна дека тој и другите фанови обилно се потеле и на крајот „се разболеле од жештината“.
Според Page Six, Мадона била тужена од Липелес затоа што „ги принудувала сопствениците на билети да чекаат со часови во жешките, неудобни арени, како и дека ги изложувала на порнографија без предупредување“. Инаку, ова не е прв пат некој да ја тужи „кралицата на попот“ годинава.
Во јануари, Мадона беше тужена за лажно рекламирање откако започна концерт во Бруклин со два часа задоцнување, но во април нејзините адвокати се обидоа да го отфрлат тврдењето. „Ниту еден разумен љубител на концертот, а особено ниту еден обожавател на Мадона, не би очекувал дека главниот актер на голема арена ќе се качи на сцената во моментот на настанот за кој сте купиле билети“, тврдат нејзините адвокати.