Курир дознава дека контроверзниот бизнисмен Александар Обрадовиќ, директор на „Елем Трејд“ му поднел оставка на Зоран Заев.

Инаку, Обрадовиќ во интервју за „Алфа телевизија“ вели дека Македонија е во енергетска кризна состојба, која Владата ќе ја смирува со 65 милиони евра. Надлежните се обидуваат да ги смират граѓаните, но сепак, цехот, кој што ќе го платиме, ќе биде многу повисок. Состојбата на терен е безмалку драматична, а можело да биде поинаку, доколку на време се реагирало со подготовки.

Тој во интервјуто зборува и за клучните грешки на Владата во спречувањет на ударот од енергетската криза. Обрадовиќ вели дека одговорност мора да се има, зашто сме пред енергетски колапс.

Обрадовиќ беше и советник на Заев. Елем трејд е фирма ќерка на АД ЕСМ чија дејност е трговијата со струја.

Оваа оставка покажува дека состојбата и на економски план, но и на политички е готова за Заев, бидјеќи инаку Обрадовиќ не би го напуштил бродот, доколку тој не тоне.

Македонскиот експерт Константин Димитров тврди дека тие 65 милиони евра нема да не спасат од оваа ситуација.