Во своето обраќање во Конгресот, американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на Илон Маск за неговата напорна работа. Неговиот претходник Џо Бајден го нарече најлошиот претседател во историјата на Америка. За половите, рече дека го тргнал „отровот“ на критичката расна теорија од државните училишта. Тој се пофали дека за 43 дена, направиле многу повеќе од многу администрации што не успеале за четри или осум години, а само што почнале. Задоволството од неговото раководење го покажуваат и анкетите.

Тој најави дека ќе преземе историски мерки за радикално зголемување на производството на клучни минерали и елементи од ретка земја во САД.

Трамп рече и дека формирал министерство за владина ефикасност.

„Можеби сте слушнале за него“, додаде тој. Потоа во публиката покажа на Илон Маск.

„Ви благодарам“, рече Трамп, додавајќи дека Маск работи навистина напорно.

„Тој не мораше да го прави ова“, рече Трамп за Маск.

„Ви благодарам многу. Го цениме тоа.“

Доналд Трамп сега ја пофали работата на ДОГЕ, со која раководи Маск, за која вели дека го намалува отпадот во владините трошоци.

Тој рече дека меѓу плановите што се скратени од буџетот се и 8 милиони долари кои претходно биле искористени за промовирање на ЛГБТК програмите во Лесото – земја за која, како што тврди, „никој не слушнал“.

Трамп вели дека веќе направил многу за да се реши она што тој го нарекува „национална вонредна состојба“ на границата меѓу САД и Мексико.

„Ја испратив американската војска и граничната патрола да ја одбијат инвазијата на нашата земја преку граница“, рече Трамп, додавајќи дека „нелегалните преминувања минатиот месец беа убедливо најниските досега забележани“.