Јеховините сведоци денеска соопштија дека еден од нивните руски следбеници Сергеј Скриников, е обвинет за екстремизам и казнет со парична казна од 350.000 рубљи (5.350 долари) поради припадност на оваа верска заедница.
Верската заедница наведува дека Судот во рускиот град Ореол го прогласил Скриников за виновен „за учество во работата на екстремистичката организација“.
Русија официјално ги забрани Јеховините сведоци во 2017 година и ја прогласи оваа група за екстремистичка организација.