Обвинителката најави дека ќе се жали затоа што судот не ѝ го прифати предлогот за определување мерка притвор за четворица обвинети, а исто така ќе поднесе жалба и затоа што Рашковски не беше прогласен виновен за третото кривично дело кое му го стави на товар – фалсификување исправа
Обвинителката Ивана Трајчева, која го водеше случајот „Софтвери“ за кој денеска беше изречена осудителна пресуда, во изјава за медиумите рече дека не може да каже оти е задоволна, но оти се докажало она на што се темелено обвинението.
„Не можам да кажам задоволна, но сметам дека за она за што беше поставено обвинението и за што се истражуваше и докажуваше во текот на постапката, се докажа и сметам дека се донесе правилна одлука“, рече Трајчева.