Шест воени планери се во владиниот секретаријат, четворица во пограничната служба на државата, тројца во МВР и еден во Министерството за транспорт, нааведува весникот.
Извори нагласуваат дека некои министерства побарале помош со планирањето сценарио според кое Велика Британија ја напушта ЕУ без договор.
Министерството за транспорт веќе испробува користење аеродром што не е во функција како паркинг за камиони што би се користел во случај на хаос по границите. Во декември тоа министерство потпиша договор од 108 милиони фунти за дополнителни преминувања со фериботи за превози со товар.