Очекуваниот животен век во САД втора година по ред бележи пад и во 2021 година и е за една година е пократок во споредба со 2020 година, се наведува во денеска објавениот владин извештај.

Во текот на првите две години од пандемијата со Ковид-19 очекуваниот животен век на Американците беше намален за околу три години. Последен пат таков пад беше забележан на почетокот на 40-тите години од минатиот век, за време на екот на Втората светска војна.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести падот на животниот век на Американците во 2021 година е поради новите соеви на Ковид-19. Како други фактори се наведени долгогодишните проблеми како предозирање, болестите на срцето, самоубиствата и хроничните болести на црниот дроб.

Очекуваниот животен век се пресметува според годината на раѓање, а се зема предвид и стапката на смртност во тоа време.

Очекуваниот животен век во САД со децении до пандемијата беше во пораст. Тој во 2019 година животниот век изнесуваше имаше 78 години и 10 месеци, во 2020 година се намали на 77 години, додека минатата година беше проценет на околу 76 години и еден месец, а последен пат толку ниско беше во 1996 година. (МИА)