Ракометната репрезентација на Франција оствари уште еден триумф на Европското првенство (ЕП), откако славеше против Исланд со 39-32 и е на чекор до полуфинале на шампионатот.
Исланд даде отпор само на почетокот на мечот, кога двапати го израмни резултатот (4-4), по што Франција го диктираше темпото на игра и на полувреме замина со 17-14, а до крајот на средбата ја зголеми разликата на седум голови (39-32).
Најефикасни во победничката екипа беа Ричардсон и Фабрегас со по шест голови, додека по исто толку постигна Кристијансон, Рикардсон и Видарсон за Исланд.