Владата на денешната 83-та седница донесе одлука од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителските објекти (рестораните), вклучително и за организирање свадбени свечености, прослави, веселби и настани, со исполнетост до 40 отсто од капацитетот на објектите, но не повеќе од 250 гости, со строга примена на протоколи за работа на овие објекти.
Меуѓутоа оваа оваа одлука не се однесува на затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости.
Воедно на денешната седница е усвоен и Протоколот за обезбедување бесплатен ПЦР тест за туристи странски државјани со регулиран престој во земјата, кој е предвиден како мерка од шестиот пакет за ревитализирање на економијата во услови на Ковид-19.
Мерката предвидува бесплатни тестови за странските туристи во посета на нашата земја, а на кои им е потребен ПЦР тест за влез во земјата каде се враќаат.