Во денешниот извештај за состојбата со Ковид 19 во изминатите 24 часа, МЗ наведува дека починале 28 лица.
Починатите се на возраст од 40г до 89г. Од пријавените лица 4 лица се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 – 07.02.2022 година.
Но, тоа што загрижува е дека од вкупниот број на починати лица (n=28), 17 лица се целосно вакцинирани, а кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Од 1.409 нови случаи на Ковид-19, 206 се реинфекции.