Од блиндирано возило на словенечка агенција за обезбедување од Цеље во крајот на декември биле украдени милион евра. Полицијата се уште не ги уапсила извршителите на тоа дело, објави денеска мариборски Вечер.
Имено, двајца вработени го оставиле возилото што пренесува пари без надзор во двор на агенцијата за обезбедување, без да ги почекаат колегите од другата смена и да ја преземат пратката.
Од возилото се украдени милион евра во готовина. Иако кражбата се случила на 21 декември, полицијата се уште нема осомничени, нагласува весникот.