Претседателот Стево Пендаровски денеска ја смени насловната фотографија на својот официјален профил на Фејсбук.
На новата фотографија што ја објави Пендаровски, може да се види дека тој е сликан со сопругата, синот и мало куче Шарпланинец.
Инаку, Пендаровски, на официјалниот профил на Фејсбук редовно информира за активностите што ги врши како шеф на државата. Не е објаснето дали малиот Шарпланинец е ново милениче во семејството Пендаровски во Вилата на Водно или пак станува збор за стара фотографија од шефот на државата.