Министерството за вонредни состојби на Русија соопшти дека двајца спасувачи загинале, а четворица се повредени по секундарно уривање на станбена зграда во градот Балашиха во Московскиот регион.
Утрово во споменатиот објект се случила експлозија на плин, по што спасувачите излегле на терен.
Шест спасувачи останале заробени под урнатините при вториот колапс: четворица се под лекарска грижа, а двајца починаа“, соопшти Министерството. Извори од медицинската служба потврдиле за ТАСС дека во експлозијата на гас се повредени дополнителни 11 лица, од кои едно е хоспитализирано, додека останатите се на амбулантско лекување.
Работите на расчистување на урнатините се прекинати поради страв од нов колапс. Експлозијата на гас се случила утринава на четврти кат во станбена зграда во Балашиха. Како резултат на тоа, три ката делумно се урнаа, а два балкони биле уништени. Од Министерството за вонредни состојби велат дека во експлозијата загинале тројца жители.
Според податоците на службата за технички надзор, причина за експлозијата во деветкатницата можела да биде истекување на гас. „Истекување на гас во еден од становите е најверојатното сценарио“, велат тие. Очевидци веруваат дека истекол плин од стан во кој никој не живее.