Институтот за Јавно здравје го потврди првиот смртен случај од сезонскиот грип. Се работи за пациент на возраст од 60 години.
Според податоците регистрирани се 93 случаи со грип. Во меѓувреме тече вакцинацијата против грипот. Годинава над 57 000 граѓани се имунизирани со четиривалентна вакцина за заштита од сезонски вируси.
„Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 60 години од Скопје кој бил хоспитализирани во клиниката за Пулмоалергологија во Скопје. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларни и белодробни) и не бил вакциниран со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена инфлуенца A несубтипизиран.“ – велат од Институтот за Јавно Здравје.
Од институтот велат дека преку Мој Термин во оваа бројка се опфатени категориите на најзагрозени граѓани кои имаат приоритет бесплатно да се вакцинираат каде спаѓааат возрасното население над 65 години, хронично болните, трудниците, децата од 6 месеци до 5 години како и медицински персонал.