Еден од најчестите совети за слабеење е: Не јадете после 18 часот. Меѓутоа, експертката за слабеење проф. Д-р Дејна Ханс вели дека нема апсолутно ништо во тоа и оти може да се вечера и по шест часот попладне.
-Не знам како се појави ова „правило ”, вели д-р Ханс, диететичарката на Медицинскиот центар Роналд Реган, кој е во рамки на УКЛА и професорка на Факултетот за јавно здравје на УКЛА.
Врската помеѓу времето и тежината
Некои луѓе сметаат дека храната што ја јадеме по 18 часа се складира како маснотија и дека доцните оброци секогаш се поврзани со дебелеењето. Ова е обично така, но не заради времето, туку заради изборот на храната.
-Ретко кој ќе грицка здрав зеленчук навечер додека гледа телевизија. Вечерта е речиси секогаш резервирана за нездрави оброци како чипсови, и тоа е причина за гоење, објаснува докторката. Ова е причината поради која слабеете ако ја исфрлите вечерата- затоа што сте исфрлиле нездрави доцни оброци.
Дека Ханс е во право, покажува и една студија на Универзитетот Бригем, која проучувала млади луѓе кои не јаделе помеѓу 19 и 6 часот наутро. По две недели тие изгубиле еден килограм. После тоа, тие можеле да јадат две недели во тоа време и ги вратиле назад во просек 1,3 килограми.
Што да се јаде навечер?
Ако сте гладни, бидејќи не сте јаделе цел ден, дефинитивно посегнете за храната. Не плашете се да јадете.
-Земете житарки со цело зрно и протеини во мали порции. Изедете една порција и продолжете ако сè уште сте гладни, но направете пауза за да може желудникот да „сфати“ дали е гладен или не, вели д-р Ханс.
Сепак, не дозволувајте ова да ви се случува често. Храната е како гориво, и важно е да го надополнувате целиот ден во оптимални количини.
-Вашето тело не знае колку е часот, но знае дека нема гориво. Ако сте изеле нешто после 18 часот, немојте да се чувствувате лошо, заклучува лекарката.