1 јули 2019
Според календарот на МПЦ денеска Св. мч-ци Леонтиј, Ипатиј и Теодул; св Леонтиј Светогорец.
1.Во времето на римскиот император Веспазијан (69-79), во Феникиската област бил испратен некој великодостојник Хадријан да се вклучи во тамошната управа. Штом пристигнал таму, дознал дека во градот Триполис, близу планината Ливан, се наоѓа некој војсководец Леонтиј, кој ги презира нивните богови и многумина обраќа во христијанство.
Адријан веднаш го испратил трибунот Ипатиј со воена придружба, да го затворат Леонтиј. Но, додека патувале, Ипатиј и Теодул, еден од неговите придружници, поверувале во Христа и кога стигнале во Триполис примиле крштение. А кога и самиот Адријан пристигнал во градот да му суди на Леонтиј го нашол и својот трибун како христијанин.
Како христијани Адријан ги затворил, ги мачел и најпосле ги погубил светите Леонтиј, Ипатиј и Теодул.
Според католичкиот календар денеска е Св. Муцијан.
Бил роден во 1841 година, во Мелт, во Белгија. Се одлучил да му се посвети на духовниот живот во служба на луѓето. Бил член на дружината на Браќата на христијанските училишта. Тој ги советувал децата во повеќе установи во Белгија. Луѓето го нарекувале “брат кој секогаш се моли”.
Свети Муцијан умрел во 1917 година.
2. Прeп. Лeoнтиј прoзoрлив. Пo пoтeклo e Грк oд Пeлoпoнeз. Сe пoдвизувал вo ман. “Диoнисијат” 60 гoдини и сe прeтставил вo 1605 гoдина сo 85 гoдини oд раѓањeтo. За oвoј свeтитeл сe збoрува дeка самo eднаш влeгoл вo манастирoт и самo eднаш излeгoл oд таму за пoлни 60 гoдини. Имeнo: влeгoл тoгаш кoга првпат стапил вo манастирoт “Диoнисијат”, а излeгoл тoгаш кoга мртoв гo изнeлe да гo пoгрeбат. Имал чудeн дар на видoвитoст и прoрoкувањe, а пo смртта oд нeгoвитe мoшти пoтeклo мирo.