7 мај 2019
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 април.
Денеска е Св. Сава Стратилат.
По потекло бил Гот. Живеел во третиот век и бил војсководец во Римската војска за време на императорот Аврелијан. Христијанството го примил додека служел во војска. Местото на кое се нао|ал му давало можност да ги посетува и помага христијаните кои во тие векови биле масовно затворани по затворите. Кога дознал за неговото дејствување императорот го извел на суд. Свети Сава ја исповедал верата пред царот, ги симнал воените ознаки и во срцето се подготвувал за измачувањето. По најразлични маки, тој бил удавен во една река. Додека траеле измачувањата, гледајќи го сведоштвото на Сава, во Христа поверувале 70 војници кои по наредба на императорот веднаш биле осудени на смрт.