31 мај 2019

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 мај.

Денеска е Св. Теодот Анкирски.

Свети Теодор живееше во времето на римскиот цар Диоклецијан, во градот Анкира. Таму држеше меана, што ја користеше за да им помага на христијаните, што се криеја во околните планини и пусти места. Во една прилика кога беше излезен до едно езеро во близина на градот, со цел да ги прибере телата на седум маченички – Тегуса, Александра, Клаудија, Фаина, Ефрасија, Матрона и Јулија, и чесно да ги погребе, беше предаден од еден свој пријател како христијанин (во тоа време хрстијаните беа гонети и погубувани само поради името христијани). Свети Теодор пострада маченички од рацете на xелатот во 303 година.