Локалните избори во 2021 година беа потоп за СДСМ и ДУИ како и нивните кандидати за градоначалници и членови на Совет, но не и во Делчево. Актуелниот градоначалник Горан Трајковски тогаш го освои својот втор мандат иако имаше многу мала реализација на неговата предизборна програма од 2017 година. Она што како тема беше изнесено во јавност од страна на повеќе про-владини медиуми веднаш по изборите во Делчево е т.н. случај “Делчевски ниви” за кој еден од порталите кој ревносно известуваше за овој случај во Македонија во ноември 2021 година извести дека како и дека новинари од овој интернет портал дошле “до дел од документите и луѓето на кои, меѓу другото, им успеало метар квадратен земјиште кое вреди 20 денари, да го продадат и за 800 или 40 пати поскапо“ – пишува Брегалнички мк.
“Пријавата до Финансиската полиција ја поднел вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, по информации добиени од Општина Делчево – дека има малверзации со земјиште на кое ЕВН Електрани треба да гради фотоволтаични централи.”
Сега откако обвинителството ја отфрли пријавата која била базирана на исказ на владиниот повереник во Управниот одбор на ЕВН Македонија, а сите објави на про-владините мегафони се покажаа за лажни и манипулативни, се наметнува прашањето: -кој од општина Делчево во 2021 година му ги доставил информациите на Министерот Љупчо Николовски од СДСМ по што беше започната оваа двегодишна политичко-медиумска хајка против неколку лица а преку нив и против ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски – коментира Брегалнички.мк
Како јавен интернет портал со своја редакција на 100 метри воздушна линија од канцеларијата на градоначалникот, Брегалнички.мк во изминатите 6 години не е поканет на ниту еден настан каде присуствува градоначалникот Трајковски за да може директно да се информираме од него за прашања од интерес на јавноста па и за тоа во конкретниот случај кој е човекот кој што од општина Делчево можел да дојде до информациите за креираниот случај како што пишува порталот и да ги достави до министерот Љупчо Николовски – пишува медиумот.