Денеска претпладне во Барселона од корона вирус, почина мајката на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, Долорес Сара Карио (82).
Манчестер Сити на објави и соопштение, во кое искажува сочувство за загубата на тренерот.
-Сите кои се поврзани со клубот му упатуваат нaјискрено сочувство на Пеп, на неговото семејство и на сите негови пријатели, – стои во соопштението.
Инаку, Пеп Гвардиола ја загуби мајка му само една недела откако на Шпанија ѝ донираше милион евра во борбата со коринавирусот.