Актерот Луран Ахмети почина денеска во Скопје на 45 годишна возраст, како последица од корона вирусот. Здравствената состојба на Ахмети се влошила пред неколку денови и бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, но ја загуби битката со болеста.
Тој беше дел од многу театарски претстави, играни и кратки филмови, а последните години е дел од најгледаните турски серии. Од 1998 година тој глумеше во европскиот филм „Куклена претстава“. Со години е составен дел на Народниот театар во Скопје. Луран Ахмети е син на познатиот писател Џабир Ахмети.