Денеска почина државниот секретар во Министерството за животна средина на Србија, Бранислав Блажиќ кој беше позитивен на коронавирусот.

Ова за „Блиц“ го потврдиле и претставници на српското Министерство за животна средина.

Блажиќ е од Кикинда, град кој е едно од жариштата на епидемијата на коронавирусот во Србија, но со години живее и работи во Белград. Тој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Белград.

Тој е еден од основачите на Српската напредна партија и член на претседателството на СНС