Плачам … Што да му советувам на мојот најдобар студент од претходната генерација?! Со ОРД, наводно, сопревме еден поширок конфликт. Колегата студент бил бебе таа фамозна 2001 година. Треба ли сега со оружје да се бори за своите основни човекови права, прашува Трајко Славески, објавувајќи обраќање до него од еден негов поранешен студент за кој тој вели дека бил најдобар.