Од вечерва до недела попладне по локалниот пат Маврово – Галичник сообраќајот ќе се одвива по посебен режим. Посетителите, особено возачите, ќе треба да ги следат насоките на полицијаците и редарските служби за да се избегнат застои.

Од СВР Тетово информираат дека денеска (16 јули) и наредните два дена, сабота и недела (17 и 18 јули) ќе се воведе посебен сообраќаен режим кон мијачкото село Галичник, каде што викендов ќе се одржи традиционалната манифестација „Галичка свадба“.

Режимот почува вечерва од 20 до 1 часот по полноќ кога се забранува движење на возила низ селото. Утре забраната ќе биде во сила од 18 до 22, а во недела од 7 часот и 30 минути до 15 часот.

– Поради тоа, на граѓаните им се советува возилата да ги паркираат на наменски одредената локација за паркирање, на влезот во Галичник. Им се укажува, исто така, целосно да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници и редарските служби, а мештаните од Галчичник возилата да не ги оставаат на пат, туку во дворовите пред нивните куќи за да не се создаваат непотребни сообраќајни мешаници, неведуваат од СВР Тетово.

За непречено одвивање на сообраќајот во двете насоки по регионалниот пат маврови Анови – Дебар, СВР Тетово апелира овој викенд да не се изведуваат никакви градежни или други активности.