Ја сум Трифуноски Симе, сега жител во Гостиар. Меѓутоа, сум роден во село Долно Јеловце во илјада деветстотини триесет и прва година. У ствари, триеста година, а преселени сме во Гостивар илјада деветсто триес прва година, така да нашите роднини работеле во Романиа, спечалиле некој динар и направиле куќа во Гостивар.
Откако е направиле куќата, не доселиле во Гостиар. Мие од село коа сме дошле, сме донеле и крави, сме напраиле и амбари дома, сме рачунале полу-селски, полу-градски да живееме. Бидејќи Гостивар беше претежно тоа време бил и беше земјоделски град, така да секоја куќа имала по еден ул’чук, два, три и чувале по една крава, две. Со тоа така егзистенција имале. Народот бил многу сиромашен тоа време. Голем дел само од домашните производи се бавел, од тоа преживуал. Еден дел граѓаните биле по гурбет. Другиот дел ситни занаетчии, мали, меѓутоа сиромаштија, немало кој кому да продават за да имат добра зарада и егзистенциа. Така се живило денеска за утре. Без многу печалби и богатење. Така тоа-време. (…)
Инаку порано во Гостивар немало дрва со камиони, со коли. Све со товари. А то претежно товарите со магариња и со коњи. Од Печково, Долно Јеловце, од Лешница, од Ново-село, Среткоо, Церово, Сушица. Каде што е сега општината тоа беше нон-стоп со дрва. И граѓаните ќе земет три-четири тоара, пет тоара за зима, тоа му е. И тестерачи Роми имаше кои ќе ти ’и сечеа дрвата.
Така, нема како сега со кубици, со струја, со парни работи – тоа беше… То беше спор живот. Колку вовчето што одеше до Скопје, колку магарето што идеше, толку и граѓаните така живеа. Во ен мирен живот. Возот седум сати малиот воз одеше до Скопје. Ако сакаш бела кошула д’ облечеш, ќе поеш црн тамо. Внатра, во вовчето, имат ќумбенце мало, тоа чадит внатра. Ако излезеш надвор, тоа чадот од машината. Инаку возот је правен во Балканските војни. Тртинаеста-четрнаеста. Бугарите го имат напраено. Од Гостивар до Охрид. И тоа све кулук без-пари селаните, граѓаните. Секој од-дома по двајца. Еден ќе остаеле дома. За три години е напраена та пруга. Патот Гостивар-Скопје-Тетово; Гостивар-Дебар-Кичево, исто тога Бугарите имат напраено.
Инаку бил тој коњски пат. До тринаеста, четрнаеста година. Немало кола да одит. Колесници со две колца, со два вола могла негде да одит, донекаде. Другото све со коњски каравани. Затоа Гостивар анои имало. Во Вруток анови, Маврови Анови, надоле све, преспиуале тија со колите оти не могле далго да ’и малтретираат. Морале да одморат да и хранат. И престојуале во тија анои. Инаку, превозот беше тамо со коли, кираџии. Со по две-коњчиња, за Мавроо, за Галичник, за Дебар, за Тетово-све со коњи и со коли. Со два коња, едно коњче; од тоа живеа тија љуѓе.
Инаку три алтобуза од „Браќа Поповиќ“ компанија. Бивша Југославија. Едниот алтобус беше за Галичник, Лазорополе, едниот за Дебар и за во Скопје. А за да ојш на алтобуз многу поскапи тија беа. Многу скапо плаќањето беше. За да одиш со алтобуз, требет да имаш голема привилегија да фатиш место. Претежно службениците одеа ко одеа службено, ќе им дат белешка за да им дает карти благајникот. Инаку немат. Другото све со возот. Тоа беше популарниот превоз на граѓаните од Гостивар, од Тетово, од Кичево, од Дебар. Инаку за да одиш до Охрид со возот, мораш да преспиеш во Кичево. Или во возот. Тој ќе останет вечерта, пак утре уштеднаш до Охрид да стигнет. Такви тиа беа…
Иначе Бугарите, ко умирале људите од тифузи, во кречани ги фрлале, во варници. Умрените од тифузи, од вошки што немало храна и нехигиенски живот. Бараките им биле од гранки направени. Зими-лете. Поумирал народ дур’ ги напраиле тој пат, Бугарите дур го напраиле под нивна команда и све беспари праени сат, све со кулук. Со нивни коли, со два-вола, со две колца и камен носи, крши, патој пробијај го; све рачно е праен тој-пат. И пругата и патот Дебар-Гостивар-Кичево-Тевово-
Све теке е напраено тиа години. Инаку многу бедно живеење. Занаетчиите, ти викам од Тетово беа. Инаку текстилот Турците го држеа. Текстилните производи. Иначе, конфекција немаше тоа. Народот купуаше текстил за да соблечет. А бакалниците и другите ’и држеа Македонците. Бакалниците и тија… А текстил, тие и златарите беа Турци. Со тоа се бавеа тија тоа-време. Иначе. сиромаштија голема. Голема. Боси, голи… Турците беа многу сиромаси. Многу немаа од каде да живеат. Жените со налани дрвени им одеа. Тие со изварка со водата од сирењето од урдата живеа дома. Толку бедно.
– Тоа во Бивша Југославија? –
– Во Бивша Југославија. Тоа све за стара кралевина Југославија ова зборам.
(Симе Трифуноски, 1931).
Од книгата „Така се зборува во Гостивар“приредил Боге Димитриески, Скопје 2000. (Подготви Марко Китевски)