Дедо Мраз со своите ирваси и санката тргна од гратчето Рованиеми во најсеверната финска област Лапонија со цел неговите подароци да им ги подели за деца во светот.
– Се надевам дека минатата година беше добра за вас. Се разбира, во светот се случија и многу нешта, кои би требало да са поинакви. Да се надеваме дека Божиќ ќе донесе еден кус миг на спокој, во кој светот и луѓето ќе си дадат малку оддишка, минувајќи повеќе време со семејствата и пријателите, изјави Дедо Мраз пред поаѓањето.
Тој беше испратен со песни и танци на неговите помошници, кои му посакаа среќа во долгото патување.
Настанот во студената ноќ на минус 22 Целзиусови степена, го проследија стотици луѓе во Рованиеми, каде што и „официјално“ е домот на Дедо Мраз.