Властите на Филипини забрануваат влез на странски патници од САД од недела откако беше откриена позаразната варијанта на коронавирусот на Флорида.
– Забраната за патување, што трае до 15 јануари, ги вклучува оние кои биле во САД 14 дена пред да пристигнат на Филипините, изјави Хари Рок, портпарол на претседателот Родриго Дутерте.
На патниците од САД кои ќе пристигнат на Филипините пред 3 јануари ќе им биде дозволен влез, но мораат да поминат карантин во траење од 14 дена, дури и да бидат негативни за тестот за Ковид-19.
Ограничувањето не се однесува на Филипинците кои пристигнуваат од САД, но тие исто така треба да поминат 14-дневен карантин во здравствен објект кога ќе пристигнат.
Нова варијанта на коронавирусот се уште не е откриена на Филипините.