Дејан ГАВРИЛОВСКИ

Пред некое време не повеќе од месец дена, прочитав сторија за млад брачен пар Александар и Емилија Лазареви од село Олевени Битолско која побуди многу радост и емоции што има Македонци кои си ја сакаат почвата на која израснале и сакаат да работат и допринесат во своето село! Кои го сакаат земјоделието гранка од која може да живее Македонија!

Луѓе кои не борат да избегаат од Македонија,кои не кукаат туку кажуваат дека може да се живее достоинствено доколку се работи чесно!

Само што се земале Емилија на 21 годишна возраст Александар на 26 од нула почнуваат да ја прават својата мини фарма и достигнуваат преку труд и работа доста за пет години и го зголемуваат бројот на животни и видот на животни!
Инвестираат во механизација и живеат воглавном од земјоделие и од фармата!
Оптимизмот што го прочитав ме натера да добијам контакт од Александар да му честитам а Александар пак со своите планови за во иднина заедно со својата сопруга која е од Битола нутриционист по професија и желбата да остане во Македонија ми го разубаве денот!
Планови за производство на месо,на сирење,современа кланица,беа дел од плановите кои ми ги кажа Александар со радосен самоуверен и оптимистички глас!

За разлика од тогаш, сабајлево кога ми се јави со плачлив, безнадежен и уморен глас ме извести дека за 15 минути голем дел од неговиот труд се претворил во пепел! Пожар од електичен спој ја пеплоса мини фирмата!
Александар се борел колку можел, со изгореници и повреди е, соселани дошле, пожарната дошла, но толку брзо се развивал пожарот што не можеле да помогнат!

Александар спасил колку што можел но штетата е огромна!
Една маторица, 15 прасиња, два тона концентрат околу 40 кокошки, култиватор, мелница за сточна храна и други работи се изгорени!
Егзистенцијата на семејството доведена на минимум! Ова семејство живее главно од земјоделие и фармата која сега е пеплосана!
Само мајката на Александар работи во училиште,то, кое веднаш помогнало со еднократна помош од 10 000 денари, татко му 11 години е инвалид како и 90 годишната баба!

Добри луѓе мили мои Македонци во Македонија и секаде низ светот, битолчани, општина Битола помогнете кој колку може на младите а вредни Емилија и Александар за да не се откажат од своите соништа и заминат од Македонија!
Многу енергија има во нив а господ дава искушенија за да види дали сме спремни да ги пребродиме!
Овие млади луѓе се спремни, си ја сакаат својата почва, својата Татковина,своето село,но потребни сме да помогнеме кој колку може!
Замолувам медиумите од Битола да ги посетат и од цела Македонија!
Александар е означен може да му пишете доколку сакате да помогнете а во коментар ќе биде и сметката и неговиот телефонски број! Споделувајте и ширете го постот!