Граѓаните во исчекување на утрешниот ден кога престанува со важност одлуката на Владата за замрзнување на цените на дел од прехранбените и млечните производи како и проиводи за хигиена но и во новата цена на струјата која деновиве ќе ја соопшти Регулаторната комисија, објавува Гласот на Америка. Тие очекуваат дека трговците ќе ги зголемат цените на продуктите а извесно е и дека ќе се плаќа повисока цена за струја откако дел од операторите побараа зголемување.
Од Владата се на став дека условите на пазарот, цената на суровините и клучно, цената на струјата, која го диктира темпото на цените нема да предизвикаат ценовен шок. Од бизнис секторот добиле гаранции дека цените ќе останат без поголеми промени. Вчера вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, најави дека засега нови мерки сега нема, останува само инспекцијата. Битиќи уверува дека ќе се следи состојбата и кај тргоне се планирани освен засилени контроли на Државниот пазарен инспекторат.
Она што дополнително ги загрижува граѓаните е и новата цена на струјата која што треба неделава да се формира и да се соопшти од регулаторната Комисија. Она што е јасно е дека доколку регулаторот ги прифати сите барања на операторите цената ќе се зголеми за 13 отсто а на тоа треба да се додаде и враќањето на ДДВ-то од 10 на 18 проценти што значи севкупно зголемување од 20 проценти кои граѓаните би ги плаќале до 31 декември.
Во моментот се чека уште на државната ЕСМ која треба да ја достави цената за мегават час струја по која ќе ја продава на универзалниот оператор ЕВН Хоум, се вели во прилогот на Гласот на Америка.