Регионот Лацио, на кој му припаѓа и Рим, од утре ќе се воведе полициски час, според кој се забранува движење од полноќ до 5 часот наутро.
Со оваа уредба, која ќе важи еден месец, гувернерот Никола Ѕингарети се обидува да го спречи собирањето луѓе пред рестораните во главниот град на Италија.
Движењето може да се одвива само по итни основи, за работа и здравствени проблеми, што можат да се докажат и кои се опишани во декларацијата.
Присуството на универзитетите исто така се ограничува и ќе биде максимум 75 отсто од студентите, со исклучок на бруцошите, додека посетеноста на средните училишта ќе биде до 50 проценти.
Полициски час од 23 до 5 часот наутро веќе е воведен во областите Ломбардија и Кампанија.