Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар дожд.
И во Скопје од утре во вечерните часови до понеделник ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат поројни и пообилни.




