Пред нас е почетокот на изборната кампања во која валандовчани не смеат наместо општински и полициски службеници да имаат партиски слуги и извршители на кланот Заеви, порача Јулијана Тушевска, член на ОК на ВМРО -ДПМНЕ.
„Свесни за судбината на главата на рекетот во Македонија, Зоран Заев, јавно ги повикуваме сите оние вработени во државната администрација да не се обидуваат да му служат на Зоран Заев.
Нека видат како тој се откажа од Ден Дончев и сите останати само да си ја спаси сопствената кожа.
Ниту една локален функционер овој пат нека не се обидува да уценува гласање за СДСМ во Валандово во замена за општински услуги.
Ниту еден полициски службеник нека не се обидува да заплашува никого од Валандовско да гласа за СДСМ или да лобира кај колегите со цел да добијат унапредување во замена за гласови.
Наместо тоа, заедно со началниците нека ги сузбијат шверцерите на мигранти.
Од денеска до 15 јули Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Валандово за секој најмал обид за уцени, притисоци и закани за гласови и криминал на било кој државен службеник од Валандово, јавно со име и презиме, слика и видео ќе ја известува целокупната македонска и меѓународна јавност.
Време е еднаш засекогаш да заврши клиентелизмот на слугите на Заеви во Валандово“, истакна Тушевска.