Десниот бек на Вардар Даинис Криштопанс потпиша тригодишен договор со ПСЖ уште на почетокот на јануари годинава.
Џиновскиот Летонец останува играч на Вардар и следната сезона, договорот со ПСЖ му почнува од 2020, но ќе видиме, многу често ваквите договори завршуваат со предвремен раскин на договорот и селидба малку порано од предвиденото.
Посебно затоа што ПСЖ веќе го ослободи Лука Степанчиќ и тој заминува за ПИК Сегед.
Одговорот кога Криштопанс ќе се пресели во Париз, ќе го добиеме веројатно истовремено со плановите на Вардар за следната сезона. Засега стои дека и следната сезона Летонецот ќе игра во Вардар,.
-Добро почна 2019, изјави тогаш Криштопанс.
„Ме радува помислата што повторно ќе соработувам со Раул Гонзалез, тој е за мене еден од најдобрите тренери во светот“, изјави Летонецот при потпишувањето на договорот.