Двојникот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун беше протеран од Виетнам, а двојникот на Доналд Трамп доби дозвола да остане, но му забранија да се појавува на јавни места.
Хауард Екс, кој со години го имитира Ким, и Расел Вајт долгогодишен имитатор на Трамп пристигнаа во Ханој минатата недела за сопствена средба на врвот.
Уште првиот ден беа приведени во полиција и подоцна ослободени.
Откако Екс разбра дека го бркаат од државата по наредба на властите, тој ги обвини за немање чувство за хумор.
– Единствената причина за мое протерување е таа што сум се родил со иста глава како и Ким Џонг Ун, изјави тој. Потоа додаде дека веројатно Трамп има смисла за хумор бидејќи неговиот „двојник“ кој е од Канда, не е протеран.
– Или пак властите во Виетнам не можат да му платат билет до Канада, додаде Екс.
Вистинските Трамп и Ким ќе имаат средба на врвот во Ханој в средба и в четврток.