Обичаи на свадба во Кукуш
И в Кукуш на добар ден се береет младите на секакви места и играет оро; а на Велигден сите се собервет на едно место и играет. Кога некоја свршена видит некого од зетовската роднина, или зетот со пријатели, се пушчат од орото со една друшка, која водит неа и која прва целуват р’ка с’де на сродникот; а свршената нему и на сите негови другари што ќе бидет со него. Но ако се згодит тамо армасникот (свршеникот) , оваја на сите целуват р’ка, а к’м него не потходит. На такви народни опшчи ора неженатите си се избирает; и по татковското согласје стројниците приготват армасот, кој се чинит вака. В некој празник се берет сродниците у момчето, кое целуват р’ка на татка му или, ако немат татко, на вујка или стрика, кому вр’чвит знаковите: една хубава шамиа и некој флорин; еднакво целуват р’ка и на другите стројници. После ходат у девојката, к’де им ставјет софра. По неколку време излегвит момата со некоја друшка. Тога се менват знаковите од двете ст’рни. По това друшката целуват р’ка на сите со ред, а после момата, која секому на рамо префрљат везена риза, на женатите везана на разбој, а на неженатите везана со нејѕина р’ка. Стројниците, имаешчем на рамо ризите, се врашчает у момчето, к’де се гошчавает. Тој се вика мал армас (свршување).
Другиот ден се собирает у момчето, околу триесет дечина, од четири до десет години, кои стара жена водит у невестата. Од децата едно носит овошки (олошки) во шамиа; а друго во лепо везана риза носит овошки од три, пет или седум вида (сорта); една китка наредена со стари пари пет, или седум, или девет, од кои три шари се поголеми. (Момата не јадит од овошките шчо се во шамијата, а тие шчо се во белата везана риза, која чуват момата за да се клањат (гувеит) со неа.) Момата ги пречеквит и на сите целуват р’ка и најпосле на тие шчо носат овошките. На децата донесват прво благо нешто, а после друго јастје. Наодзади излегвит девојката, им целиват р’ка и им дават по китка и риза; и на едно од тие дават гореречената шамиа со овошки, една лепо везана риза и една зелена китка за момчето. Овој обичај неколку п’ти во годината се повторвит, особено кога излегват нови овошки; но други п’т количеството од децата је многу помало.
Зелена китка. После неколку месеци канет у зетот жени и моми од роднината му, кои ходат у момата, имеешчем со себеси с’д со овошки, над кој сет около пет зелени китки, од кои поголемата, која имат ж’лтица врзана со коприна, је за момата; ушче за момата носет чораби, чевли, неколку ока предено, лен и неколку драмој коприна разноцветна; од овие момата требит пред свадбата да имат зготвени кошули за дарување. Девојката ги пречеквит, им целуват р’ка и сама земат вешчите. Им ставјет софра да јадет. Пак момата излегвит, им целуват р’ка и ги служит по чаша вино; тога пејет три песни. После излегвит сестра је и дават по една мала зелена китка. По неа момата даруват по риза на золвите и свекрва је, на која врачвит горереченијот с’д полн со нејѕини овошки, неколку зелени китки, меѓу кои за момчето поголема, а со ж’лтица помала од таја шчо прати момчето, и везана риза за него; и по риза за свекорот, девери, вујковци и стриковци. Други п’т сама свекрва је ходит у момата и је земат мера за колан со пафти, за колби (белезии) и за четири прстени.
Голем армас. Две недели пред свадбата, в с’бота спроти недеља, момчето со роднините и пријателите ходит у армасницата, имаешчем со себеси потребното јастје и питје. Мајка му во тепсиа носит благо сукано; а снахите коланот (појас) со павти, колбите, четири прстени, шамија за р’це, друга за глава, туљбен, фес, огледало, гребен и ж’лтици; а момчето шамиа со овошки. Стигвеешчем у момата, м’жите седвет на една ст’рна, а жените на другата стоет простум. Излегвит момата со една друшка и целуват р’ка на м’жите, а на момчето не, после целуват жените, од кои земат речените вешчи и ги предават на друшката си; најпосле целуват р’ка на момчето и преземат шамијата со овошките. Ставјет софра, на која донесват јастјето и питјето од момчето, кое, целуваешчем р’ка, на сите служит по ракиа. Постариот на четири скршвит на савче винено крстообразната погача, која имат настреде врзано цело (стара пара); стредата со целото се прашчат кај момата. По неколку време момчето служит на сите по вино, целуваешчем р’ка. По тоа донесват момини јастја и вино, и момата тога целуват на сите р’ка и ги служит по едно вино. Таја вечер не се спиет. На разденвањето пиет ракиа од момчето. Наодзади момата им леит (туриват) вода да се измијат и најпосле на момчето, и на сите префрљат на рамена по една риза, сите ја дарвет по ж’лтица. Това се викат голем армас.
Од зборникот на браќата Миладиновци (Подготвил Марко Китевски за МИА)