Пораки за поддршка, свеќи, цвеќиња, играчки се наредени пред училиштето Владислав Рибникар каде пред 40 дни се случи страшниот масакр во кој настрадаа девет ученици и училиштниот чувар.
На морничава и вознемирувачка глетка наиде репортерот на „Нова.рс“ кој сними оставен куршум врз спортска капa.
За случајот е известена полицијата која ќе утврди дали се работи за вистински куршум и кој го оставил таму.