На нејзината наставничка и дала до знаење дека е погрешно да се осудуваат луѓето за нивната тежина. „Знам дека ова е математичка задача, но навистина мислам дека не е во ред“, порача ученичката.
Ученичката Ритам Пачеко (9) го воодушеви светот со својата постапка. Имено, во тестот по математика, таа наиде на задача на која одби да понуди решение, бидејќи поставеното прашање го сметаше за навредливо.
Деветгодишната од Солт Лејк Сити добила задача да одговори на прашањето „колку Изабел е потешка од најлесната ученичка“.
Покрај ова прашање, тестот содржел табела во која биле наведени имињата на три имагинарни ученички и нивната тежина.
Ритам незадоволна, наместо да понуди решение, напишала: „Што ?! Ова е навредливо. Жал ми е, непристојно е “.
Таа појасни за американски медиум зошто реагирала на тој начин.
„Не ми се допадна затоа што мислам дека девојките не треба да се споредуваат. Знам дека ова е математичка задача, но навистина не мислам дека не е во ред. Не мислев дека ќе се најдам себеси во задача, мислев дека ќе се стави овошје, зеленчук или нешто слично за споредување“, вели деветгодишната.
„И јас останав во шок. Мислам дека е неодговорно да ги учиме децата математика на овој начин“, вели мајката Наоми Пачеко.
Училиштето се оправда со објаснување дека „задачата не е за тежината и дека ова е само споредба за проверка на знаењето на учениците за претворање на грам и килограм“. Тие немаат намера да ја повлечат задачата од тестот.