Власта и опозицијата конечно ја стартуваа дебата за тоа како треба да биде скроен законот за покачувањето на минималната плата. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 4 амандмани, со кој бараат и скалесто покачување на сите плати во јавниот сектор согласно растот на минималецот, а побараа и поддршка од власта и за предлогот за зголемување на пензиите за 20%. Од власта сите амандмани беа експресно одбиени.
За претениците од СДСМ предлогот за скалесто покачување бил паушален оти според нив, тоа се правело со колективните договори и сега не било предмет на расправав. Ваквиот предлог го оценија како паушален, и не бил издржан.
Опозициските партии побараа и државата освен придонесите за плати, да го плати и персоналниот данок. Велат, мерката наместо една година, да важи до 2024. За власта и ова беше неприфатливо.
Речиси со идентичен амандман Алијанса на албанците и ВМРО- ДПМНЕ побара со растот на минималната плата и сите останати плати да бидат зголемени во јавниот сектор.
- Со растот на минималната плата мора да има зголемување на останатите плати особено во образованието, администрацијата, вработените во Собранието, рече Илире Даути – Пратеничка од Алијанса за Албанците.
Министерката за труд, Јована Тренчевска образложи дека овој амандман не може да биде прифатен бидејќи растот на останатите плати е во согласност со потпишаните колективни договори, а не со измени во минималната плата.
- Висината на платите не е предмет на уредување во овој закон, дополнително што со предлагањето на овој амандман се нарушува социјалниот дијалог кои што за оваа Влада е многу важен. Се доведува во прашање колективниот договор сите прашања кои се однесуваат за дополнителни бенефиции, коефициенти на договор се предмет на договарање на колективните договор, нагласи Јована Тренчевска – Министерка за труд и социјална политика.
Во следните денови се очекува предлог измените во Законот за минимална плата да се најдат на пленарна седница пред пратенците.
Комисиската расправа според деловникот ќе трае 3 дена, бидејќи предлог измените се поднесени по скратена постапка. Со предлог законските измени минималната плата од следниот месец ќе изнесува 18.000 денари, со кој веќе од следниот месец над 80.000 работници ќе добијат покачување. Растот на минималецот е договор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.