Неверствата во врските и браковите, за жал, не се нешто невообичаено.
Многу често, токму неверството е причина за развод или раскинување. Секако, под услов да дознаеме за нив.
Велат дека жените не знаат дека саканата личност ги изневерува доколку не сакаат да го знаат тоа.
Женската интуиција е прилично силна.
Девин Ален (31) ја игнорирала веќе некое време, а потоа, после раскинувањето ја основала компанијата “d.i.y.BreakUp” и на Тик-Ток каналот на компанијата, раскажала што и се случило.
“Со поранешниот вереник бев во врска околу 6 години, а 90 дена пред нашата венчавка дознав дека ме изневерувал претходните шест месеци”, започнала Девин.
“Неговите пораки случајно се синхронизирале со мојот лаптоп и така дознав дека, во текот на момачката вечер, мене и на таа другата девојка ни испраќал буквално идентични пораки”, раскажала оваа девојка.
Таа и порано се сомневала дека вереникот ја изнверува, а во една прилика видела и дека му пристигнало видео од женски гради.
Иако тоа за секоја жена претставува црвен аларм, вереникот се извлекол така што другата девојка ја пишал под името на својот најдобар другар, а потоа на Девин и продал приказна дека другарот се фали со аферата која ја има.
“Рече дека неговиот другар ја изневерува својата девојка со девојка со која оделе во средно училиште и дека се правел важен така што испраќал видеа”, рекол тој.
“Јас секако, му поверува, и не му барав понатамошно објаснување.”
Во друго видео Девин раскажала како еднаш го фатила во бар додека држел друга девојка за задникот, но тој побегнал во тоалет пред таа да успее да му пријде.
“Не сакав да го спомнувам тој момент, бидејќи не сакав да полуди и да ме посрамоти пред пријателите”, изјавила несреќната девојка.
Кога подоцна го споменала тоа, поранешниот вереник констатирал дека таа го шпиунира и дека не може да ожени некој кој има проблеми со довербата.
На сето тоа, одбил да ја однесе во болница, откако Девин не можела да престане со повраќање и прокоментирал дека е само желна за внимание, а потоа безгрижно заминал да игра голф.
“На крајот сепак, успеав да го убедам да се врати и да ме однесе во болница, но на пат до таму застана за да земе храна. Не можев да престанам да повраќам, бидејќи мирисот многу ми пречеше, но него ниту тоа не го интересирало”, раскажала таа.
Иако во болница и дале три инфузии, тој и понатаму инсистирал на тоа дека Девин глуми, а тоа му го рекол дури и на докторот.
Откако ги прочитале пораките кои и пристигнале на лаптопот, Девин, дефинитивно добила доказ дека вереникот ја изневерува, ја откажала венчавката и на тој ден отпатувала во Лас Вегас со другарките.
Девин во 2019 година, заедно со својата другарка Џесика, ја основала компанијата “d.i.y.BreakUp”, со желба да им помогне на другите жени да се носат со своето скршено срце.
Споделувајќи го своето искуство со 24.000 следачи, Девин изјавила дека сега животот и е многу подобар, иако нејзиниот поранешен вереник и понатаму е со девојката со која ја изневерувал, таа додала и дека се надева дека тој е среќен, пишува The Sun.