Полуфиналните натпревари во машка конкуренција на 28.македонски одбојкарски куп, кои се одиграа синоќа, минаа очекувано, со доминација на фаворитите за освојување на пехарот. В недела од 18 часот во салата „Парк“ во машкото финале ќе играат Џио Струмица и Универзитет Тетово.
Второпласираниот тим во првенството, Универзитет Тетово, доминираше во пресметката со Шкендија и славеше со 3:0 (25:14, 25:17 и 26:16).
И вториот полуфинален дуел меѓу Џио Струмица и Вардар помина на идентичен начин. Шампионатот победи со 3:0, во сетови 25:14, 25:17 и 26:16.
Денеска на програмата се женските полуфинални натпревари. Од 16:00 часот Вардар ќе игра против Работнички Скопје, а потоа Струмица ќе ги одмери силите со Јанта волеј Кисела Вода.
Двата меча, како и финалните натпревари утре, ќе бидат емитувани директно на третиот програмски канал на МРТ.