На денешните завршни зборови во кривичниот предмет „Меѓународен сојуз“ во Основниот Кривичен суд Скопје, адвокатот Сашо Дуковски вели дека во овој случај нема И од измама, а не па перење пари и дека никој не можел да измами еден искусен бизнисмен како Силјан Мицевски, а уште помалку тоа да го направи Бојан Јовановски.
Тој пред судот вели дека овој проект бил од општествена корист и наместо овие лица да се наградат, се обвинети за измама.
За таткото на Боки 13, Миле Јовановски, адвокатот вели дека дека имал два стана и дуќан кој ги продал, а се занимавал и со продажба на јаболки во минатото па од таму имал прилично голема сума на пари на сметката, што не значи дека се стекнати на нелегален начин.
Додава дека тој е втурнат во ова обвинение само да се додаде некаква тежина на овој случај. Заврши со зборовите дека бара да се ослободат од обвинение сите тројца.
Судењето за овој случај го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Вилма Рускоска. Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски-Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари“.
Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.
Обвинетата Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“.
Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.