Бугарските навивачи истакнаа навредливи пароли кон Македонија на синоќешниот натпревар меѓу Левски и македонската екипа Шкупи, а со тоа навивачите на Левски не ги послушаа сугестии од клубот да не провоцираат. Тие истакнаа транспаренти со повеќе навредливи пароли за македонскиот народ и најголемиот празник Илинден скандирајќи на дуелот против Шкупи во Софија, во второто квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.
Бугарските навивачи пееја „Илинден за Бугарите е Велигден“, а веднаш потоа стигна одговор од Македонија од блогерот Мартин Толовски кој им врати на Бугарите: „Е, па тогаш 11 Октомври за нас е Спасовден“.
На натпреварот во кој синоќа Шкупи загуби со 1:0 беше истакнат и голем транспарент на кој пишуваше: „Ако некој каже дека не сум Македонец ќе му го откинам јазикот, а ако каже дека не сум Бугарин ќе му ја откинам главата“.